Ахмети и Џафери не дојдоа на судење – адвокатката одби да сведочи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повторно е одложено судењето по тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски, во која тие го тужат Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.
Ахмети и Џафери повторно не се појавија пред судот. Судијата Нухи Рустеми ја сослуша адвокатката Билјана Панова, како полномошник на Американската комисија за хартии од вредност, пред која Слободан Богоевски ја дал изјавата. Таа се повика на кодексот за професионална етика на адвокатите и рече дека е обрзана да го чува во тајност она што го дознала при сведочењето на Богоевски.
„Ова е беспредметен судски случај и доказ дека продолжува политичкото силување на судството. Се принудува сведок да ја прекрши адвокатската заклетва дека е обврзан на тајност за тоа што го рекле клиентите и кој со налог на заштита е обврзан пред Њујоршкиот суд да не открива што кажал сведокот Богоевски за судската постапка што се водеше во Њујоршкиот суд. А за сведочењето на Богоевски, ако некој смета дека е лажно, пред судот во САД може да поднесе соодветна пријава“, рече адвокатот на Слободан Богоевски, Валентин Зафиров, кој по денешното рочиште зборуваше место неговиот клиент.
Судот донесе решение на следното рочиште да биде сослушан нотарот Сашо Клисаровски. Расправата е одложена за 4 јули. Како отштета во овој процес Ахмети побарува 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.
Извор: Макфакс