Правдико

   

„АЈДЕ!“ ќе собира потписи против давачките за хонорарците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

АЈДЕ! – платформата за граѓанска политика соопшти дека започнува акција за собирање потписи од граѓаните за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување.

ajde-2-702x336

Иницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за запирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони, велат од „АЈДЕ!“

Истовремено, Платформата за граѓанска политика, како неформална, но организирана група слободоумни поединци кои се стремат да ја вратат моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните, целосно ја поздравува и ја поддржува иницијативата за референдум во општина Центар, за задржување на постојниот и автентичен изглед на Градскиот Трговски Центар – Скопје (ГТЦ).

Референдумот претставува најавтентична форма на граѓанска демократија и можност да ги обедини сите граѓани кои се поделени по различни основи, овозможувајќи им заеднички да одлучуваат за важни прашања од интерес на заедницата. Сметаме дека оваа иницијатива е важен момент за македонската демократија и јавно повикува на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности.

Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум и со тоа да им овозможат на граѓаните да ги реализираат нивните со устав загарантирани права, велат од „АЈДЕ!“

Извор: Радио МОФ

Партнери на Правдико