Академијaтa зa судии и јавни обвинители Павел Шатев ќе потпише Меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип | Правдико

Правдико

   

Академијaтa зa судии и јавни обвинители Павел Шатев ќе потпише Меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во насока на промоција на улогата на Академијата за судии и јавни обвинители за влез во судската и јавно обвинителската професија, на 22 декември (понеделник) 2014 година во  11:30 часот, во просториите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, директорот на Академијата, г-ѓа Анета Аранудовска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф д-р Саша Митрев ќе потпишат Меморандум за соработка.

Screenshot_3

Со потпишувањето на овој Меморандум започнува процесот на продлабочување и зајакнување на соработката помеѓу Академијата и Универзитетите во државата, а  сé со цел преку промоцијата на професиите судија и јавен обвинител да се регрутираат најдобрите студенти од правните факултети кои потоа својата професионална реализација ќе ја продолжат во  Академијата за судии и јавни обвинители.

Во рамките на одбележувањето на потпишувањето на  Меморандумот и отпотчнување на широката кампања за промоција на функциите судија и јавен обвинители која ја започнува Академијата, слушателите на Програмата за почетна обука од петтата генерација во Академијата кои во моментов се на практична настава ќе изведат симулирано судење во новата современа модел – судница која се наоѓа на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев,  а која беше опремена  од страна на УСАИД, Агенцијата на САД за меѓународен развој, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите при Стејт Департментот на САД и Мисијата на ОБСЕ во Македонија

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико