Правдико

   

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ објавува јавен оглас за почетна обука

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Врз основа на член 58 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/2015) Управниот одбор на Академијата, на седницата одржана на 5 ноември 2015 година, донесе одлука за објавување на   

ЈАВЕН ОГЛАС

за прием на слушатели на почетна обука во

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – (Службен весник на Република Македонија бр. 195 од 9 ноември 2015 година )

Услови за прием во почетна обука

Согласно член 57 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 20/2015), заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

 дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии со просек од најмалку 8,0 и постдипломски студии со просек од најмалку 8,0 или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 8,0 во секој од двата циклуса на универзитетските студии,

– положен правосуден испит,

– работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит,

– да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност,

– да е државјанин на Република Македонија,

– активно да го владее македонскиот јазик,

-активно да познава еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик што се докажува со поседување  меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или Аптис,  или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат, ТестДаФ.

– Практична работа со компјутери и

– Да е работоспособен и да има општа здравствена способност

Содржина на пријавата и потребни документи 

Кандидатите до Академијата поднесуваат пријава на образец изготвен од Академијата, во кој се содржани податоци за исполнување на условите за прием според јавниот оглас.

Образецот на пријавата, заинтересираните кандидати можат да го подигнат лично во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на адреса Булевар „Јане Сандански“ број 12, ламела 2, 1000 Скопје, во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот или да го превземат од интернет страницата на Академијата www.jpacademy.gov.mk.

Кон пријавата задолжително се приложуваат сите подолунаведени документи, во оригинал или во форма на копии заверени кај нотар:

– уверение за државјанство;

-уверение за дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование VII/1 степен на правни студии  со просек од најмалку 8,0 и уверение за завршени посдипломски студии со просек од најмалку 8,0 или уверение за дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), со просек од најмалку 8,0 во секој од двата циклуса на универзитетските студии;

-уверение за положен правосуден испит во Република Македонија;

-потврда за должината на работниот стаж по положен правосуден испит;

-уверение дека не е изречена мерка на безбедност, забрана на вршење професија, дејност или должност;

-меѓународно признат сертификат за активно познавање на еден од официјалните јазици на Европската унија од кои задолжително англискиот јазик во смисла на член 57 став 1 алинеја 7 од Законот за Академија;

– потврда – сертификат за практична работа со компјутери (MICROSOFT OFFICE, INTERNET)- основно ниво на познавање;

-лекарско уверение согласно Правилникот за содржината и начинот на лекарскиот преглед за утврдување на општата здравствена спсособност, содржината и начинот на издавањето и важењето на лекарското уверение (,,Службен весник на РМ“, бр.19/95);

-доказ за уплатени 1000,00 денари на сметка на Академијата на име надомест на трошоци за полагање на приемниот испит.

 Рок и начин на пријавување 

Рокот за пријавување на лицата на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“. 

Јавниот оглас, покрај во „Службен весник на Република Македонија“ се објавува и во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на огласната табла на Академијата и на интернет страницата на Академијата.

Образецот на пријавата, како и потребните документи, заинтересираните кандидати ги поднесуваат лично до лицето овластено за прием во Академијата во работни денови, од 08:30 до 16:30 часот, и притоа секој кандидат добива испитна шифра.

Навременоста на доставувањето на пријавата со  потребните документи како и комплетноста на документите ги оценува Комисијата за приемен испит.

Подготвителна настава

Академијата организира подготвителна настава за сите пријавени лица за прием во почетна обука во Академијата.

Подготвителната настава се организира најмалку 45 дена пред денот на одржувањето на приемниот испит.

За датумот, местото и времето на одржувањето на подготвителната настава, навремено се известуваат сите пријавени кандидати  а информацијата се објавува и на интернет страницата на Академијата.

Приемен испит

Приемниот испит за почетна обука се полага пред Комисија за приемен испит согласно Програма за полагање на приемниот испит и Правилник за полагање на приемниот испит кои се објавени на интернет страницата на Академијата, во термини и рокови што ќе ги определи Комисијата а кои навремено ќе бидат објавени на интернет страницата на Академијата.

Базата на прашања и студии на случај за приемниот испит е јавно достапна на следниот линк: http://e-prasanja.mk/

Партнери на Правдико