Aкадемијата за судии и обвинители ќе избира директор | Правдико

Правдико

   

Aкадемијата за судии и обвинители ќе избира директор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на јавна седница закажана во 14 часот треба да избере нов директор и заменик-директор за следните четири години. За директоркото место се кандидирале Мирјана Лазарова-Трајковска, Наташа Габер-Дамјановска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Академијата го избира директорот со двотретинско мнозинство гласови од деветтемина членови на Управниот одбор.

За местото заменик-директор се пријавил еден кандидат, а досега ова место не беше потполнето. Од октомври 2006 година до октомври годинава директорската функција во Академијата за судии и јавни обвинители ја вршеше Анета Арнаудовска, која ја менаџираше институцијата со истечен мандат и на нејзино барање ја разреши Судскиот совет.

Кандидатите кои аплицираат за директор и заменик-директор на Академијата треба да имаат најмалку осум години работен стаж како судија во судовите, во Уставниот суд, во меѓународен суд или да се лица со најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител. Треба активно да познава и еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико