Правдико

   

АКМИС-от одлучи судијката од бомбите Лидија Петровска да му суди на Груевски за „мерцедесот“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според распоредот на новите две одобрени обвиненија од советите на кривичниот суд, судијката Лидија Петровска, која е позната од бомбите, треба да го суди предметот „Тенк“ против експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Гордана Јанкулоска и помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Предметот е доделен според постојниот распоред на судии бидејќи Петровска е судијка во Одделот за организиран криминал и корупција.

Со новиот распоред на судии кој сè уште не е правосилен, и за кој досега се поднесени само 2 приговори до Врховниот суд, се очекува, сепак, Петровска да не го суди предметот „Тенк“ бидејќи е префрлена да суди во Одделот за прекршоци. Петровска ги судеше предметите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и „Триста“. Вторите два предмети се очекува да почнат од почеток.  Таа неодмна изјави дека тоа што ја има во бомбите не ја дисквалификува да биде судијка.

Предметот „Трезор“ за набавката на опрема за потребите на Петтата управа, според објавата на кривичниот суд ѝе доделен на  судијката Ленка Давиткова, која заедно со упте двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување службен пиштол, им суди и на обвинетите во случајот за масовното прислушување во Македонија, познат како „Таргет-Тврдина“.

Одделението за организиран криминал и корупција со новиот распоред е комплетно сменето. Од 1 јануари таму ќе судат Васка Масевска – Николовска, Владимир Туфегџиќ, Огнен Ставрев, Дарко Тодоровски, Џенета Бектевиќ, Софче Гавриловска, Добрила Кацарска и Осман Шабани, како и Горан Бошевски, кој е единствениот кој не доби прераспоредување.

В. М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико