АКН доби член во работната група за земјишна администрација при ООН
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Економската комисија на Европа при Обединетите нации (UNESCE) е воспоставена во 1947 година како една од 5-те регионални комисии на Организацијата на Обединетите нации. Во UNESCE членуваат 56 држави од Европа, Северна Америка и Азија, како и повеќе од 70 интернационални професионални организации и останати невладини организации.
UNESCE ја извршува својата работа преку две меѓународни владини тела, и тоа: UNESCE-комитетот за домување и менаџмент на земјиште и неговото секундарно тело работната група за земјишна администрација (WPLA). Главната цел на овие тела е да се промовира енергетски, ефикасно и адекватно домување на целата популација, особено на социјално ранливите групи и лицата со посебни потреби, развој на одржливите или таканаречените паметни градови (smart city), како и транспарентна и ефикасна употреба на земјиштето и брза и ефикасна регистрација на земјиштето.
На 10. сесија на работната група за земјишна администрација која се однесуваше на интернационалната размена на знаења од областа на земјишната администрација и менаџментот со недвижности што се одржа на 8 и 9 март, во Женева, учествуваше и Агенцијата за катастар на недвижности со свои претставници. На оваа сесија исто така се направи ревизија на работната група за земјишна администрација за претходните две години и беа избрани нови членови на бирото на оваа работна група кое управува со работата на целата работна група. На 10. сесија се дискутираше како UNESCE ќе може со својата работа да придонесе да се подобри управувањето со земјиштето во регионот, за потребите и приоритетите на земјишната администрација во UNESCE-регионот како поддршка на агендата 2030 и новата урбана агенда на Обединетите нации.
На оваа сесија, како член на новото Биро на работната група за земјишна администрација беше избран и кандидатот кој го предложи Агенцијата за катастар на недвижности, односно државниот советник за меѓународни активности Татјана Ценова-Митревска. Имено, Агенцијата за катастар на недвижности за првпат добива висок претставник во органите на управување на некоја интернационална организација која се занимава со земјишна администрација, а е под покровителство на Обединетите нации. Ова претставува огромна чест и признание за досегашната работа на Агенцијата за катастар на недвижности.