АКН: Се укинува плаќањето за повторно поднесување на пријавата која претходно била одбиена | Правдико

Правдико

   

АКН: Се укинува плаќањето за повторно поднесување на пријавата која претходно била одбиена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за катастар на недвижности Ве известува дека од 1.9.2017 година го менува начинот на постапување во предметите, за кои по претходно поднесена пријава била донесена потврда за одбивање на пријавата за запишување/промена заради нецелосност/некомплетност или несоодветност на податоците.

Agencija za katastar na nedviznosti

Се укинува плаќањето за повторно поднесување на пријавата за запишување/промена во катастарот на недвижностите, со што се укинува двојното плаќање на трошоците за професионалните корисници на е-кат шалтерот и за граѓаните на Република Македонија.

Од 1.9.2017 година се направени надградби на електронскиот систем на Катастарот кои ја овозможуваат оваа функционалност за примена.

Појаснувања и опис на постапките се објавени на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности  www.katastar.gov.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико