Ако купиш и продадеш стан, а не живееш во него, персоналецот се плаќа на цела сума | Правдико

Правдико

   

Ако купиш и продадеш стан, а не живееш во него, персоналецот се плаќа на цела сума

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Персоналниот данок на доход ќе се пресметува на целата висина на остварената капиталната добивка од продажба на недвижен имот, а не само на 70% од неа, како што беше досега. Ова го предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за песонален данок на доход кој е влезе во собраниска процедура.

3a4806eb-619f-4ccb-bc95-6dcc3cd6bee7-s

Измените сепак предвидуваат и исклучок, а тоа е да се оданочуваат само 70% од капиталната довбивка, само ако обврзникот најмалку една година живеел во недвижниот имот што го продава.

Но, има и друг исклучок, кој се однесува на ослободување од плаќање на персоналецот при продажба на недвижен имот.

„Со измените и дополнувањата се пропишуваат и случаите според кои капиталната добивка остварена од продажба на недвижен имот нема да се оданочува, односно истите се во поврзност со временскиот период кога обврзникот го продава недвижниот имот од денот на стекнувањето, потоа во случај на продажба на недвижен имот стекнат по основ на наследување или подарок кој е ослободен од плаќање на данок согласно одредбите од Законот за даноците на имот. Ослободување е предвидено и во случаи на продажба на недвижен имот меѓу брачните другари како и продажба извршена на трети лица и тоа кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со развод на бракот„, се објаснува во образложението на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико