Ако уште еднаш го навредите судот, ќе ве казнам, му рече судијката на Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судијката Добрила Кацарска, која му суди на експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за случајот „Тенк“, го опомена дека го навредува судот.
Откако обвинителот Стевчо Донев го даде воведниот збор за случајот, Груевски на адвокатката Сања Алексиќ ѝ дофрли: „Ова е партиски суд“.
Судијката побара ова да влезе во записникот за судењето. На Груевски му рече дека е опоменат да не дофрла кога му нема дадено збор и да не го навредува судот зашто следниот пат ќе го казни.
И покрај обидите на одбраната да не почне главната расправа, судијката му даде збор на обвинителот на СЈО и судењето продолжи со воведните зборови.
Груевски претходно рече: „Денеска, еднаш немам земено збор“, по што судијката го опомена да не го нарушува редот во судницата.
В. Маглешов
Извор: Макфакс