Акредитацијата и нејзините предности | Правдико

Правдико

   

Акредитацијата и нејзините предности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

saaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaВо услови на пазарно ориентирано стопанство соочени сме со пораст на понуда на производи и услуги што од друга страна доведува и до пораст на побарувачката од страна на потрошувачите. Пред овој наплив на производи и услуги што се нудат на пазарот потрошувачите се соочени со проблемот како да направат правилен избор и како да се заштитат.

Од тие причини и со цел заштита на безбедноста, здравјето на луѓето, животните, човековата околина, самите производители како и увозниците и дистрибутерите се должни согласно одредени законски прописи да ставаат во промет безбедни производи подложни на исполнување на општите барања за безбедност на производите утврдени со технички прописи, спецификации и стандарди.

“Aкредитација” е потврдување од страна на националното тело за акредитација дека определено тело за оцена на сообразноста ги задоволува барањата предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди и каде што тоа е применливо, сите дополнителни барања, вклучително и оние предвидени во релевантните секторски шеми за акредитација, потребни за
вршење на специфична дејност за оцена на сообразност. Акредитацијата се применува врз тела кои вршат оцена на сообразноста во регулираната и нерегулираната област и по правило се применува на доброволна и задолжителна основа.

Предноста на акредитацијата е во тоа што обезбедува доверба во резултатите од тестирањето, калибрацијата, сертификацијата и инспекцијата, како и достапност до меѓународни шеми за взаемно признавање на сертификатите од калибрациите, извештаите од тестирањата и инспекциите, како и сертификатите за сообразност. Меѓународното признавање на резултатите од тестирање, калибрација, сертификација и инспекција го намалува непотребното повторување на постапките и ги олеснува условите за едноставен проток на стоки, услуги и лица.

Во регулираната област, акредитацијата преставува алатка која државните органи ја користат за овластување на телата за оцена на сообразност, кои работат според прописи.

Оцена на сообразност  е Процес со кој ќе се покаже дали се исполнети определени барања во врска со производ, процес, услуга, систем, лице или тело.

Акредитацијата како меѓународно признато средство, за осигурување доверба во работата на телата за оцена на сообразност кои државата ги овластила за оценување на сообразност (тестирање, калибрација, сертификација и инспекција), има за цел заштита на јавните интереси и зголемување на доверливоста во донесување на соодветни одлуки кои влијаат на здравјето, сигурноста и заштитата
на животната средина. Со ова се поттикнува доверба во квалитетот на производите и услугите што се нудат на пазарот. Акредитацијата поврзана со европската и меѓународната заедница обезбедува препознатливост, прифатеност и признание за оцените на сообразност за барањата поврзани со производите и надвор од границите на дражавата .

Потрошувачите денес бараат квалитетни производи. Преку акредитацијата која обезбедува формално признавање на компетентност на организациите за оценување на сообразност на потрошувачите им се нуди можност да идентификуваат и изберат производ или услуга која нема да ги изневери нивните очекувања. Таа е пат до задоволен потрошувач. За потрошувачите акредитацијата претставува поголема сигурност во производите кои ги купуваат и услугите што ги користат, односно сигурност дека производите или услугите се усогласени со одредени барања и стандарди што го намалува ризикот од производство и продажба на неквалитетни производи.

Во Република Македонија задолжен за акредитација е Институтот за акредитација на Република Македонија.Тој е јавна установа од јавен интерес, има својство на правно лице и ги извршува работите и задачите од областа на акредитацијата.

Извор: http://www.iarm.gov.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико