АКРМ:Адвокатите да си ја подмират обврската за членарина за 2017 година. | Правдико

Правдико

   

АКРМ:Адвокатите да си ја подмират обврската за членарина за 2017 година.

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се известуваат адвокатите дека заклучно со 31 март се должни да си ја подмират обврската за плаќање коморска членарина за 2017 година.

Висината на коморската членарина, со одлука на Управниот одбор на Адвокатската комора донесена на 31.01.17 и објавена во Службен весник на РМ бр. 13 од 8.02.17, за 2017 година изнесува 6000,00 денари.

Во согласност со Законот за адвокатура, адвокатот е должен редовно да и уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора на Република Македонија од денот на упис во Именикот на адвокатите. Апелираме до адвокатите кои имаат неплатени обврски на име коморска членарина истите да си ги подмират во најбрз можен рок. Во спротивно,  Адвокатската комора ќе поведе постапки за одземање на лиценците на оние колеги кои не уплатиле коморска членарина.

Доколку Ви се потребни повеќе податоци и информации во однос на неплатени обврски на име членарина, обратете се до стручната служба на Адвокатска комора на РМ на е-маил lawyermk@mba.org.mk.

Во прилог на ова известување, со цел навремено да ја исполните Вашата обрска,  во рамки на линкот подолу можете да најдете и примерок на уплатница за коморска членарина за 2017 година.

НАПОМЕНА: При пополнување на уплатницата во делот повикување на број, задолжително да го наведете бројот на Вашата адвокатска лиценца.

Препорачуваме

Партнери на Правдико