Правдико

   

АКРМ: Aдвокатите со свои коментари да се вклучат во дискусијата за нацрт предлогот на Законот за кривичната постапка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за правда на РМ на ЕНЕР го објави Нацрт предлогот на Законот за кривичната постапка.

Имајќи предвид дека се работи за прашање од исклучителен интерес за адвокатурата ги повикуваме членовите на Адвокатската комора, како засегната страна, внимателно да го разгледаат предложениот текст на Нацрт предлог-законот и своите коментари и јасни ставови да ги достават најдоцна до 1 декември на меил адресата lawyermk@mba.org.mk  и  директно да ги внесат на веб страницата на „ЕНЕР“ (КЛИКНИ ТУКА).

Законот за кривичната постапка е донесен во 2010 година, а започна да се применува од 2013 година. Во периодот на неговата примена беа лоцирани одредени недостатоци кои е потребно да се отстранат. Дополнително, потребно е усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област.

Цацрт предлогот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико