АКРМ и Здружението на јавните обвинители на РМ започнуваат соработка за реализација на обуки од областа на форензиката | Правдико

Правдико

   

АКРМ и Здружението на јавните обвинители на РМ започнуваат соработка за реализација на обуки од областа на форензиката

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

tbАдвокатската комора на РМ и Здружението на јавните обвинители на РМ започнуваат проект во рамки на кој е предвидено реализација на повеќе обуки од областа на форензиката.

Фокусот на соработката ќе биде насочен кон обука на адвокати и јавнообвинителски службеници, преку повеќе еднодневни настани, од кои првиот е предвидено да се одржи на 21 декември 2016 година со почеток во 11:00 часот, во канцеларијата на Адвокатската комора на РМ во Апелациониот суд Скопје.

Целта на обуката е адвокатите и јавнообвинителските службеници  да се здобијат со потребни знаења и искуства од областа на форензичките техники и новини.

Процесот на реформите и унапредувањето на целокупниот правен систем на Република Македонија, претставува постојан предизвик на сите институции, инволвирани во оваа сфера. Свој придонес во оваа насока, со континуирани активности, како во областа на стручно доусовршување и подобрување на професионалните стандарди и интереси на носителите од правната фела, така и преку дејствување со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка, даваат Адвокатската Комора на Република Македонија и Здружението на јавните обвинители во Република Македонија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико