АКРМ: Корисни линкови од Управата за финансиско разузнавање | Правдико

Правдико

   

АКРМ: Корисни линкови од Управата за финансиско разузнавање

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија

Извештајот, кој е составен од два дела, Проценка на заканите од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија и Проценка на мерките за ублажување на ризикот од финансирање на тероризам за непрофитните организации ја идентификува подгрупата на НПО што спаѓаат во дефиницијата на ФАТФ за НПО, ги идентификува видовите на НПО, кои врз основа на нивните активности или карактеристики, веројатно се изложени на ризик од финансирање од тероризам, ја идентификува природата на заканите, начинот на кој НПО може да се злоупотребат, како и прави преглед на адекватноста на мерките, вклучително законите и регулативите, кои се однесуваат на подгрупата на НПО кои може да бидат злоупотребени за ФТ. Исто така, извештајот содржи листа на препорачани мерки кои во областа на законите, стратешките документи, механизмите на унапредување на дијалогот ќе придонесат за адекватно управување и намалување на ризикот од финансирање на тероризам и заштита од евентуалните злоупотреби на НПО за целите на финансирање на тероризам и истите се вградени во Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

>> Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации во Република Северна Македонија е достапен на следниот линк.


Извештај за спроведената проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2020 година

Овој извештај претставува основа за подготвување на Национална стратегија за превенција од перење пари и финансирање на тероризам и унапредување на политиките и правната рамка, релокација на ресурсите, соодветно развивање на системот за контрола и супервизија и имплементација на мерките од страна на задолжените субјекти врз основа на примена на принципот „врз основа на ризикот“. Исто така, субјектите при подготвувањето и ажурирањето на своите проценки на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам кои ги вршат согласно член 10 од Законот за спречување перење пари и финанасирање на тероризам, а со цел да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од перење пари и финансирање на тероризам имаат обврска да се усогласат со резултатите од овој Извештај.

>> Извештајот од националната проценка на ризикот од 2020 година е достапен на следниот линк.

Препорачуваме

Партнери на Правдико