АКРМ со барање за дополнување на Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за судови | Правдико

Правдико

   

АКРМ со барање за дополнување на Предлог-законот за именување и дополнување на Законот за судови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на РМ, во текот на вчерашниот ден достави допис – Барање за дополнување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови до Владата и до Министерството за правда, како и до Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, со кој се предлага и адвокатите, како дел од правосудниот систем, да можат да бидат предложени во постапките за избор на судии.

Барањето интегрално:

ДО ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ, Г-ДИН ЗОРАН ЗАЕВ

СОВЕТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР (2017-2022 година)

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА, Д-Р РЕНАТА ДЕСКОСКА


Предмет: Барање за дополнување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови

Почитувани,

Во Законот за судови во член 46 да се вметнат следните одредби:

– За судија на Основен суд и Управниот суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 10 години стаж по положен правосуден испит.

– За судија на Апелационен суд и Виш Управен суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 15 години стаж по положен правосуден испит

– За судија на Врховен суд може да се избере лице од редот на адвокатите со најмалку 20 години стаж по положен правосуден испит.

Образложение:

Ваквата пракса за избор на судии е веќе постоечка и се применува во земјите членки на Европската Унија кон која се стремиме и тоа во Германија, Шпанија, Англија и др.

Изборот на професија е уставно загарантирано право на секој граѓанин и не може да биде ограничено со закон и други позитивни норми. Истовремено со предложениот закон се врши дискриминација врз лицата чија професија е адвокатурата и им се ограничува можноста да имаат слободен избор на професија во судството.

Со почит,

АДВОКАТСКА КОМОРА НА 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседател
Љубомир Михајловски, адвокат

Препорачуваме

Партнери на Правдико