АКРМ во соработката со Советот на Европа во Битола организира обука: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“ | Правдико

Правдико

   

АКРМ во соработката со Советот на Европа во Битола организира обука: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Адвокатска комора на  Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Клевета од аспект на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и примери од практиката на ЕСЧП“.

Обуката ќе се одржи на  09-10 октомври (вторник-среда) во Битола, со почеток во 13 часот. Хотелот на одржување и агендата дополнително ќе бидат објавени.

Обуката е  пред се’ наменета за адвокати од Апелационото подрачје Битола кои во својата практика се занимаваат Слободата на изразување, односно членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Обуката со поздравен говор ќе ја отвори претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски.

Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство во областа.

Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија нa е-маил: e.pavlovska@mba.org.mk.  Адвокатите кои немаат уредно подмирена членарина немаат право на учество.

Препорачуваме

Партнери на Правдико