АКРСМ: Известување во врска со примената на новиот Закон за заштита на лични податоци | Правдико

Правдико

   

АКРСМ: Известување во врска со примената на новиот Закон за заштита на лични податоци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 24 август почнува примената на новиот Закон за заштита на лични податоци објавен во Службен весник бр.42/20 од 16.02.2020 година.

Согласно Законот, Агенцијата е должна да ги усогласи сите подзаконски акти предвидени со овој Закон до 24.08.2021 година, по што истите ќе бидат јавно достапни.

Ве информираме дека  Адвокатската комора на РСМ е во постојана комуникација со Агенцијата за заштита на лични податоци, при што од нивна страна ни е укажано дека се врши усогласување на подзаконските акти со Законот, по што ќе бидат објавени насоки за постапување на адвокатите и останатите субјекти на кои се однесува Законот.

По донесувањето на подзаконските акти и насоките на Агенцијата, Адвокатската комора ќе достави информација за натамошното постапување.

Партнери на Правдико