АКРСМ: Потпишан Меморандум за соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип | Правдико

Правдико

   

АКРСМ: Потпишан Меморандум за соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски и ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски согласно заедничката за­ложба за модерен и ефикасен правосуден систем воспоставен по највисоките европ­ски стандарди потпишаа Меморандум за соработка.

Соработката помеѓу Адвокатската комора  и  Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одвива во следните сегменти:

Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Ма­ке­донија за помош во спроведување на активностите на наставата од акредити­ра­ните наставни програми на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Дел­чев“ Штип

Ангажирање на адвокати од Адвокатската комора на Република Северна Маке­до­­нија за помош во спроведување на активностите на Правните клиники на Прав­­ниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип како и за застапу­ва­ње на предметите од клиниките пред судовите во Република Северна Македо­нија;

Ангажирање на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните про­фесори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, заради експертиза во подготовката на курику­луми и спроведување на истите во рамки на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Македонија;

Учество на стручен кадар од редот на редовните професори, вонредните про­фе­сори, доцентите, асистентите и демонстраторите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип во спроведувањето на наставните активности на Центарот за едукација при Адвокатската комора на Република Северна Ма­ке­донија;
Соработка во организирање на конференции, семинари, работилници и трка­лез­ни маси;

Овозможување на практикантска работа во Адвокатската комора на Ре-публика Северна Македонија за студентите на прв и втор циклус на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, заради помош во спроведување на секој­дневните активности на Комората, во текот на летниот период или во те­кот на една календарска година, во зависност од потребите на Комората, при што максималното времетраење на практикантската работа се определува со­гласно позитивните законски прописи со кои се уредува практикантската ра­бота;

Заедничко изготвување и партнерско аплицирање на проекти од заеднички ин­терес;

Заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации заради заемни потреби;

Соработка во делот на подготовка, понуда и насочување кон избор на можни теми за изготвување на практични/апликативни магистерски и докторски тези на теми кои се релевантни за развој и унапредување на владеењето на правото и адвокату­рата;
Други области.

Комората и Универзитетот во рамки на меѓусебната соработка за потребите од организа­ција на обуки и други активности ќе вршат размена на предавачи, искуства и знаења, вклучително и користење на просторните капацитети.

Препорачуваме

Партнери на Правдико