АКРСМ со апел до Управниот суд да се почитува Адвокатската тарифа | Правдико

Правдико

   

АКРСМ со апел до Управниот суд да се почитува Адвокатската тарифа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во изминатиот период до Адвокатската комора на Република Северна Македонија, се поднесени повеќе барања од адвокати кои постапувале во постапки пред Управниот суд на РСМ. Во истите се наведува дека Управниот суд не досудува, односно ги одбива како неосновани барањата за надомест на трошоците создадени во постапката на странките, како што се судските такси, адвокатските трошоци и други.

Ве информираме заради Ваше запознавање и запознавање на судиите кои што постапуваат по управните спорови заведени по тужба против конечен управен акт, дека на странките им следуваат трошоци доколку имаат успех во спорот согласно член 8 точка 10 од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во Службен весник на РСМ, бр.27 од 26.02.2020 година.

Предното Ви се доставува на знаење за преземање мерки од Ваша страна, а со цел законитост на постапување и заштита на интересите на странките во постапката.

Ве молиме да бидеме известени по однос на нашето писмено, заради евентуално преземање на понатамошни мерки од страна на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико