Правдико

   

АКРСМ со препораки до адвокатите по повод состојбата со корона вирусот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По повод настанатата сосотојба со корона вирусот во државата, најновите мерки на Владата од 14.03.2020 година, а во очекување на одговор на Барањето на АКРСМ до надлежните институции за воведување на мерки за претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем, Адвокатската комора упатува апел до сите членови на комората, за следното:

  • Како би се избегнале патувања во судови од различни градови, ако е можно и во склад со законските прописи, адвокатите да им пружаат помош на своите колеги кои се од други градови, различни од градот каде е закажано судењето, односно да ги заменат на закажаните рочишта.

  • Истата препорака се однесува и за потребата за вршење на дејност во други државни и јавни институции, нотари, извршители и друго.

  • Во наредниот период разните писмени акти, кои се доставуваат до судовите и другите надлежни институции да се доставуваат доколку е тоа возможно по електронски пат.

  • Да укажат стручна помош на колега, доколку истиот е отсутен заради болест.

  • Заради своја лична заштита, како и заштита на колегите и странките, по можност контактите со истите да се обавуваат телефонски или по маил.

АДВОКАТСКА КОМОРА НА РСМ

Партнери на Правдико