Правдико

   

Активирање и присилно извршување на задолжницата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

debtДоколку  обврските  по  основ  на  задолжница  не  се  платени  до  датумот  на достасување на задолжницата, доверителот поднесува барање за наплата. Барањето се поднесува најдоцна до денот наведен на задолжницата како краен рок за доставување на барање за наплата.

Кон барањето  доверителот задолжително приложува:

1) задолжница;

2) број на трансакциска сметка на доверителот на која треба да се пренесат средства од сметката на должникот и

3) изјава заверена на нотар со која под полна морална, материјална и кривична одговорност  го  потврдува  неплатениот  износ  на  побарувањето  по  задолжницата  и потврдува дека нема поднесено и нема да поднесе тужба до надлежен суд, предлог за извршување до извршител или предлог за платен налог до нотар за наплата на побарување кое произлегува од основот за издавање на задолжницата.

Носителот на платен промет нема да го прими барањето за наплата поднесено по крајниот рок за доставување на барање за наплата.

Носителот на платен промет е должен во рок од два работни дена од денот на добивањето на барањето , преку Клириншката куќа, да го извести Централниот регистар дека доверителот барал наплата на задолжницата. По добивање на барањето , носителот на платен промет е должен да постапи на начин и во постапка за извршување на решенијата за присилна наплата согласно со Законот за платниот промет.

Доколку  доверителот  не  поднесе  барање  за  наплата  на  побарувањата  по задолжницата во крајниот рок за доставување на барањето за наплата на задолжницата кај носителот на платен промет, обврските по задолжницата престануваат. Задолжницата за која не е поднесено барање за наплата во крајниот рок за доставување на барањето за наплата, Централниот регистар ја брише од Регистарот на задолжници по истекот на три работни дена од крајниот рок за доставување на барањето за наплата на задолжницата. За секоја извршена наплата по основ на задолжница, носителот на платен промет е должен на денот на наплатата, преку Клириншката куќа, да го извести   Централниот регистар

По целосната наплата на побарувањето по задолжницата, носителот на платен промет е должен на денот на целосната наплата, преку Клириншката куќа, да го извести Централниот регистар за извршената наплата. Доверителот има право во секое време по поднесување на барањето за наплата согласно со членот 8 од овој закон да ја повлече задолжницата која не е наплатена во целост од носителот на платен промет, со поднесување на изјава за повлекување на задолжницата  дадена кај нотарот кој ја заверил задолжницата.

a lawyer in his office showing a document with the text lawsuitПри повлекување на задолжницата носителот на платен промет е должен веднаш, при самото повлекување, на самата задолжница да евидентира од кои сметки колкав износ на  главнина,  камати  и  трошоци  е  наплатен  до  моментот  на  повлекувањето  на задолжницата и му ја враќа  задолжницата  на доверителот, а од истата задржува копија.

Носителот на платен промет е должен, преку Клириншката куќа веднаш, при самото повлекување, да ги извести сите носители на платниот промет за повлекувањето на задолжницата и да ја деблокира сметката на должникот по основ на задолжницата, доколку е блокирана. Носителот на платен промет, е должен преку Клириншката куќа веднаш, при самото повлекување, да го извести Централниот регистар за повлекувањето на задолжницата.

По повлекување на задолжницата истата не може да биде предмет на наплата согласно со членот 8 од овој закон.

Присилно извршување на задолжницата

Задолжницата има карактер на извршна исправа. Во рок од 15 дена по повлекувањето на задолжницата од носителот на платниот промет,  доверителот  може  да  иницира  постапка  за  присилно извршување  на задолжницата согласно со одредбите на Законот за извршување.

Нотарот е должен на повлечената задолжница поднесена од доверителот да стави потврда за извршност.  Извршителот кој ќе го спроведува присилното извршување на побарувањето предмет на задолжницата, е должен во Регистарот на задолжници:

1) да го пријави приемот на задолжницата најдоцна наредниот работен ден од денот на приемот;

2) да ги пријави сите делумни наплати на побарувањето назначено во задолжницата најдоцна наредниот работен ден од денот на извршената исплата;

3) да поднесе барање за бришење на задолжницата најдоцна наредниот работен ден од денот на целосната наплата на  побарувањето назначено во задолжницата и

4) да поднесе барање за бришење на задолжницата најдоцна наредниот работен ден од денот кога го запрел извршувањето на задолжницата.

Доверителот не може да бара извршување на задолжницата по запирањето на извршувањето на задолжницата од страна на извршителот.

Централниот регистар е должен веднаш по добивањето на пријавата, односно барањето  во Регистарот на задолжници да ги евидентира приемот  на  задолжницата  кај  извршителот  и  наплатите,  односно  да  ја  избрише задолжницата.

Доколку во рок од 20 дена од денот на добивањето на известувањето  не се поднесе пријава, Централниот регистар е должен веднаш да ја избрише задолжницата од Регистарот на задолжници.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико