Активисти на „Шарена револуција“ ќе го тужат Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Групата граѓански активисти учесници во протестите на „Шарената револуција“ ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Станува збор за повеќе од 1.200 активисти кои се дел од Фејсбук групата наречена „Тужители“.
Тие денеска ќе ангажираат адвокат кој ќе ги застапува, а ќе го тужат Груевски за клевета и навреда.
Тужбата против Груевски следува откако тој ги нарече „уличари“ и „послушници на Заев“ учесниците на протестите што се одржаа против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари.
Извор: Макфакс