Правдико

   

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Ристеска е во притвор од мај годинава. Минатата година беше осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните пет години не стори кривично дело. Таа тогаш ја призна вината, но истовремено посочи дека се кае и вети дека нема да го стори истото кривично дело.

„Се чуствувам виновна за делото што ми се става на товар. Точно е она што е наведено во обвинителниот акт. Во перидот од 2017 до 2018 година неовластено држев и продавав марихуана и хашиш-смола на начин како што е наведено во обвинението. Премногу се каам за тоа што го направив. Се заколнувам и ветувам дека никогаш нема да го направам тоа и да сторам вакво кривично дело. Се каам од дното на моето срце и душа за делата што сум ги сторила. Најмногу сакам да им се извинам на државните институции, а најмногу на судот, на ЈО, на полицијата, на моето семејство и сите мои мили сограѓани што се почувствувале трогнати поради моите непромислени вулгарни постапки“, изјави на првото судење Ристеска.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико