Акции на турската полиција против ќелии на ИД во Истанбул и Измир | Правдико

Правдико

   

Акции на турската полиција против ќелии на ИД во Истанбул и Измир

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската полиција уапси деветмина осомничени џихадисти, во рамки на одвоени акции против ќелии на групата Исламска држава (ИД) во градовите Истанбул и Измир, јави агенцијата Анадолија.

turkey-police

Акциите следуваат по завчерашниот терористички напад на истанбулскиот аеродрим „Ататаурк“, во кој загинаа 42 лица, а над 230 беа ранети.

Според извори во турската полиција, припадници на полициските антитерористички единици и на специјалните сили извршиле претреси на неколку локации во истанбулските населби Пендик, Башакшехир и Султанбејли.

Во операцијата пак во три населби во Измир се приведени девет лица, кои се осомничени за врски ИД во Сирија. Тие се обвинети за обезбедување финансиски средства и логистика за ИД и за регрутирање џихадистички борци.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико