Акција „Гора“: Уште шест лица добија кривична пријава за пустошење шуми
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во рамките на акцијата „Гора“ поднесе кривична пријава против Р.М. (44), Т.Т. (66) и Б.К. (60), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело пустошење шума.
Според информациите на МВР, пријавените од сопствен имот заведен во имотен лист за катастарска општина Борово, постапиле спротивно на одобренијата за сеча на дрво и дрвни сортименти издадени во 2015 година и извршиле бесправна сеча на 135,25 кубни метри дрво и дрвни сортименти. На тој начин пријавените стекнале противправна имотна корист во висина од 946.750 денари.
Секторот за внатрешни работи Куманово исто така поднесе кривична пријава против Б.К. (38) и З.А. (58), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено едно продолжено кривично дело пустошење шума и против С.М. (59), вработен во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС „Куманово“, на работно место чувар на шуми, поради постоење основи на сомнение за сторено едно продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во текот на 2016 година Б.К. и З.А. постапиле спротивно на одобренијата за сеча издадени во 2016 година и од катастарска парцела за катастарска општина Цветишница, сопственост на З.А. и бесправно исекле 140,40 кубни метри дрво и дрвни сортименти. При сечата пријавените уништиле уште 41 садница од видот бел габер постари од пет години, со што стекнале противправна имотна корист од 982.800 денари.
За полесен пристап до катастарската парцела каде што вршеле сеча на дрво и дрвни сортименти, Б.К. ангажирал работна машина багер и спротивно на Законот за шумите изградил пристапен пат низ други катастарски парцели, со кои зафатил повеќе од 1.000 метри квадратни простор и искорнал 11 млади садници од шумскиот вид бука, а извадил и 23 стебла букова шума во количина од 51,13 кубни метри. На тој начин на сопствениците на имотите им нанел штета во висина од 357.910 денари.
С.М., вработен како чувар во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС „Куманово“, во четири наврати во 2016 година извршил контрола на реонот и забележал дека од страна на Б.К. и З.А. се врши бесправна сеча и копачење дрво и дрвни сортименти. Тој не извршил пребројување на бесправно исечените и ископачени стебла и не ги евидентирал во книгата, не извршил означување на направената шумска штета со втиснување жиг ниту, пак, случајот го пријавил кај друг надлежен орган, туку само општо и произволно запишал во шумочуварскиот дневник дека забележал бесправна сеча. На тој начин С.М. ја злоупотребил службената положба и овластувањето.
Извор: Макфакс