Акција „Ова не е паркинг“ во Битола | Правдико

Правдико

   

Акција „Ова не е паркинг“ во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Акцијата „Ова не е паркинг“ е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност.

Иако Битола не е голем град, паркирањето на јавните површини и тротоари зема сè поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата сè почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат автомобилите на улиците и пешаците на тротоарите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико