Правдико

   

Акција во Германија за приведување на осомничени исламски милитанти

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската полиција спроведува акција против исламски милитанти во четири региони во земјата поврзана со наводите дека се прави „заговор за сериозни акти на насилство со кои би се загрозила државата“, соопшти обвинителството.

Главната канцеларија на обвинителството во Берлин, денеска на социјалната мрежа Твитер, напиша дека во тек се претресите кои се поврзани со лица од чеченско потекло кои, пак, се поврзани со исламистички движења. Полицијата врши претреси во главниот град Берлин, во Бранденбург, Северна Рајна Вествалија и Турингиа. Осомничените, како што соопшти полицијата, се на возраст од 23 до 28 години, а сомнежите биле поттикнати од фотографии пронајдени во мобилниот телефон на еден од осомничените при рутинска полициска контрола.

Германските власти го подигнаа нивото на готовност од исламистички закани откако во последниве години во земјата се случија неколку напади, вклучително и влетувањето со камион на божиќниот пазар во Берлин во 2016 година при што загинаа 12 луѓе.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико