Ал Каеда нуди 3 милиони евра за убиство на Асад | Правдико

Правдико

   

Ал Каеда нуди 3 милиони евра за убиство на Асад

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

basar-al-asad-sirijaЛидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда понуди три милиони евра за убиство на сирискиот претседател Башар ал-Асад и два милиони евра за убиството на лидерот на либанското радикално шиитско движење Хезболах , се вели во соопштението во Бејрут.

Абу Мухамед ал Џулани преку аудио порака објавена во понеделникот, понуди да му плати “три милиони евра за оној кој ќе го убие Асад со што ќе го заврши неговото владеење”, пренесува Бета.

“Колку муслиманска крв треба да се пролее за еден човек кој сака да биде на власт? Колку долго треба да чекате за муслиманите да ги остварат своите права”, праша Ел Џулани во пораката.

Ел Џулани исто така, понуди два милиони евра за убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насралах, “дури и ако биде убиен од неговите шиити”.

“Хезболах” испрати неколку илјади од нивните борци во Сирија, каде се борат на страната на Асад.

Повеќе од 240.000 луѓе загинаа од почетокот на граѓанската војна во Сирија, од март 2011 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико