Правдико

   

Алабама воведе хемиска кастрација за педофилите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајвеј, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за осудени лица за силување деца помлади од 13 години.

Со законот е предвидено дека осудениците мора да почнат со медицински третман еден месец пред да бидат осободени од затвор, а соодветни лекови ќе треба да земаат сè додека судот не одлучи да престанат.

„Ова е важен чекор за заштитата на децата во Алабама“, изјави гувернерот по потпишувањето на законот, објави Би-би-си.

Осудените силувачи ќе мора сами да платат за третманот, кој подразбира пиење таблети или примање инјекции со хемиски супстанци кои го блокираат производството на тестостерон во телото.

Алабама е седмата американска сојузна држава која го воведе законот за хемиска кастрација на силувачи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико