Албанија: 500 полицајци дадоа отказ поради „ветингот“ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Албанија: 500 полицајци дадоа отказ поради „ветингот“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вкупно 500 полицајци во Албанија ја напуштија службата поради процесот на „чистење“ на полицијата од лица кои се корумпирани или се дел од криминални структури. Според албанското Министерство за внатрешни работи само една недела пред истекување на рокот за предавања на формуларите што ги добија сите полицајци во земјата, самоволно работата ја напуштиле 500 полициски службеници.

Во формуларите се барани податоци за нивната матријална положба пред влегување на работа и нивната сегашна состојба. Тиранскиот весник „Сот“, кој се повикува на извори на МВР на Албанија, пишува дека 8.000 полицајци веќе ги предале формуларите. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Фатмир Џафај, изјави дека во полицијата нема место за лица кои се дел од криминалот и се корумпирани.

„’Големите риби’ не може да се фатат ако полицијата не е чиста“, нагласи Џафај.

Моментално јавното обвинителство врши бројни истраги околу активноста на поранешнииот министер за внатрешни работи на Албанија, Сајмир Тахири, за кого, според обвинителството, постојат докази дека е еден од главните организатори на производството и шверцот со дрога од Албанија кон Италија.

Инаку процесот кој во Албанија се нарекува „ветинг“ што значи чистење, покрај во полицијата се спроведува кај судиите и јавните обвинители. До сега има судии и јавни обвинители кои веќе ја имаат напуштено својата функција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико