Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот | Правдико

Правдико

   

Албанија ги отвора тајните документи од комунизмот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2806269279_74310f01b3_zАлбанскиот парламент изгласа закон со кој на жртвите на комунистичкиот режим им дава пристап до тајните досиеја, кои за нив ги водела тајната полиција Сигурими. Законот во Собранието бил изгласан со 88 гласови „за“ и со 22 гласови „против“.

Одредбите во законот пропишуват дека поранешните агенти на оваа полиција не можат да се вработат во јавните служби во иднина. Но, оние кои успеале да се вработат во тие служби, изземени се со овој закон.

Режимот кој Албанија ја изолираше од светот, на власт беше од 1944 до 1990 година кога беше срушен, по студентските протести.

Извор: МЕТА

Препорачуваме

Партнери на Правдико