Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН | Правдико

Правдико

   

Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

В среда на први јуни Албанија го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.

Министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија. Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико