Албанија и Косово договорија заедничка царина, најавуваат и економска зона | Правдико

Правдико

   

Албанија и Косово договорија заедничка царина, најавуваат и економска зона

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанија и Косово ќе имаат заедничка царина во најголемото албанско пристаниште Драч. Ова го изјави на средбата со новинарите премиерот на Албанија, Еди Рама, по средба со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.

Рама рече дека проектот ќе се финализира на 27 ноември и додаде дека ,,Драчкото пристаниште не е само на Албанија, тоа е и на Албанците од Косово, затоа тоа пристаниште треба да биде заедничко“. Рама исто така ја изнесе оценката дека Албанија и Косово имаат можности да поттикнат и заедничка економска регионална зона.

Албанскиот премиер, Рама, информираше дека е постигната согласност со неговиот косовски колега Харадинај и за функционирање на заеднички дипломатски претставништва на Албанија и Косово во светот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико