Албанија: Италијански авиони откриваат локации на кои се произведува дрога
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Албанската полиција, заедно со специјалните италијански полициски сили, повторно почна акција за откривање локации засадени со дрога.
Според албанското МВР, откривањето се врши со специјални авиони, кои ги фиксираат и откриваат локациите каде што се врши производство на дрога. Истите извори наведуваат дека во изминатите два дена, покрај старите многубројни локации, евидентирани се и нови засадени со марихуана.
Акциите се кординирани од страна на полициите на Албанија и Италија во согласност со договорот помеѓу Тирана и Рим за спречување на масовното производство на дрога во Албанија, која потоа во најголем дел се пренесува во Италија.
Производството и шверцот на дрога во Албанија создаваат големи проблеми и во Италија бидејќи само во последните месеци двете полиции открија и запленија над 30 тони дрога (марихуана, кокаин и хероин).
м.н
Извор: Макфакс