Албанија: Најавен притвор за ексминистерот Тахири | Правдико

Правдико

   

Албанија: Најавен притвор за ексминистерот Тахири

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По барање на албанското јавно обвинителство се очекува притвор за ексминистерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, еден од најблиските соработници на премиерот Еди Рама.

Тахири, кој беше сменет од министерската позиција пред неколку месеци, се споменува во информациите на италјанското јавно обвинителство во врска со големиот шверц на дрога од Албанија во Италија. Тахири во емисијата „Опинион“ на ТВ „Клан“ синоќа потврди дека обвинителството поднело барање за негов притвор, но додаде дека тој нема поврзаност со големите шверцери на дрога во Албанија. Во емисијата на познатиот водител Бленди Фејзиу на Тахири му беа изнесени и обвиненија за негови редовни контакти со главните шверцери на дрога во земјата.

Опозициските медиуми во Албанија пренесуваат информации дека во доказите на италјанското јавно обвинителство има и други конкретни податоци дека Тахири имал редовни контакти со криминалните банди. Весникот „Рилиндја демократике“ оценува дека со парите од шверцот со дрога се купувани изборите во Албанија од страна на социјалистите на Еди Рама, кои се на власт. Истиот извор наведува дека ексминистерот Тахири е жртва на владеењето на премиерот Рама.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико