Албанија подготвува нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во земјата | Правдико

Правдико

   

Албанија подготвува нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во земјата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работна група од експерти, формирана од Министерството за образование и спорт на Албанија, работи на извештајот за нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во Албанија,  во соработка со Советот на Европа.

Niko-Komitet1

Групата денеска имаше средба со членовите на државниот Комитет за малцинства на Албанија, во кој претставник на етничките Македонци е Нико Китани, по потекло од Мала Преспа, пишува електронскиот весник „Илинден“ од Тирана.

На средбата претставниците на малцинствата во Комитетот ја запознаа работната група со проблемите во образованието, а ги изнесоа и своите препораки за подобрување на ова значително прашање.

Во извештајот посебно поглавје ќе има за јазикот на малцинствата.

Работната група ја сочинуваат тројца универзитески професори и еден преставник од Министерството за образование.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико