Правдико

   

Албанија воведе десетгодишна забрана за сечење на шумите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанија воведе 10 години забрана за сеча на дрва за индустриски цели, со цел да се избегне “еколошка катастрофа” во земјата.

woods

За законот за воведување на 10-годишен мораториум на издавање на дозволи за сечење на шумите гласаа 101 од 140 пратеници во Парламентот на Албанија.

“Албанија се соочува со еколошка катастрофа, а ние сме принудена да преземеме драстични мерки за спречување на експлоатацијата на шумите во индустриски и извозни цели”, рече албанскиот министер за заштита на животната средина, Лефтер Кока.

Секој кој ќе го прекрши законот може да се соочи со казна затвор до десет години, пренесува Франс прес, додавајќи дека албанските власти, исто така, ветиле борба против широко распространета пракса на бесправната сеча.

Еколошките експерти се особено загрижени за уништувањето на шумите на бреговите на реките, бидејќи тоа го зголемува ризикот од поплави низ целата земја.

Пред 1990 година, шумите покриваа 51 процент од територијата на Албанија, а денес тој процент се движи само околу 25.

Партнери на Правдико