Албанската полиција уапси две лица за фалсификување документи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Албанската полиција соопшти дека уапсила две лица обвинети за снабдување лажни документи за да им помогнат на луѓето нелегално да влезат во Британија, Германија и другите западноевропски земји.
Во соопштението се вели дека властите при претресот на домовите пронашле 16 фалсификувани пасоши и многу документи на албански и германски јазик.
Двајцата притворени Албанци, жители на главниот град Тирана и пристанишниот град Драч, биле платени од 10.000 до 16.000 евра за лажните документи.
Полицијата не соопшти колку луѓе имале профит од лажните документи.
На албанските државјани им е дозволено да патуваат во земјите членки на ЕУ без виза, но тие се ограничени на 90-дневен престој во период од шест месеци, но исто така мора да приложат и финансиски гаранции за нивниот престој.
Извор: Макфакс