Албанската полиција заплени четири тони мархуана | Правдико

Правдико

   

Албанската полиција заплени четири тони мархуана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанската полиција во последните два дена при неколку акции на повеќе локации во земјата запленила околу четири тони марихуана.

Во денешна акција, спроведена на крајбрежјето на приморскиот град Валона, полиција открила 1,7 тони марихуана, при што е уапсено едно лице, за кое постојат докази дека е еден од организаторите на планираниот шверц на дрогата, што требало да биде траспортирана кон италијанскиот брег.

Најолемата количина марихуана, односно два тона и 69 килограми, е запленета во месноста „Шуланска вила“ во селото Рете. Уапсен е еднен човек кој дрогата ја одгледувал на почва земена под наем.

Останата количина марихуана, албанската полиција ја зпаленила при акции во селски населби кај градовите Саранда, Либражд, Тирана и Лежа.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико