Aлбанската полиција заплени половина тон кафе прошверцувано од Mакедонија | Правдико

Правдико

   

Aлбанската полиција заплени половина тон кафе прошверцувано од Mакедонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

fa8d5440f757b744905ab3d31499bb70Албанската гранична полиција во близина на селото Вичишта на албанско-македонската граница кај Дебар, запленила 507 килограми кафе при обид илегално да биде внесено од македонска на албанска територија.

Кафето било натоварено во комби возило чиј сопственик ја минал границата преку илегален премин, но бил забележан од страна на полицајците.

Возачот Б.Т.(51) жител на пограничното село Долна Ѓурица, кога станал свесен дека го следи полициската патрола го напуштил возилото и се дал во бегство, што и му успеало поради мракот.

Полицијата трага по Б.Т. кој ќе одговара за недозволена трговија на акцизна стока.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико