Албански државјани фатени со 50 килограми марихуана, дрогата ја криеле во бункер под седиштата на автомобилот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Албански државјани се обиделе да шверцуваат околу 45 килограми марихуана преку граничниот премин Богородица. Дрогата ја скриле во специјално направен бункер под седиштата, а нејзината вредност на турскиот наркопазар би достигнала од 140.000 до 180.000 евра.
Вчера околу 11 часот, на излез од државата на граничниот премин Богородица, се пријавил А. М.(44), државјанин на Република Албанија, а со него во автомобилот бил неговиот осумнаесетгодишен син. Возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детална контрола, при што под седиштата од возилото биле пронајдени три специјално изработени бункери, во кои биле пронајдени 45 пакувања завиткани со ПВЦ-фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 45 килограми.
Осомничениот изјавил дека дрогата ја набавил во Албанија, а нејзината вредност на турскиот наркопазар би достигнала од 140.000 до 180.000 евра.
Осомничените се приведени и ќе бидат предадени во Основниот суд Велес, а Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Извор: Макфакс