Албански државјани ги нападнале и ограбиле сопружници во Гостивар | Правдико

Правдико

   

Албански државјани ги нападнале и ограбиле сопружници во Гостивар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Гостиварската полиција поднесе кривични пријави против четворица албански државјани, едниот идентификуван, а останатите тројца непознати лица, за разбојништвото што го извршја пред три дена во Гостивар.

policija-gostivar

Разбојниците ноќта на 22 септември околу 1 часот влегле во куќа и нападнале и ограбиле двајца сопружници додека спиеле.

На мажот му ги врзале рацете, а на жената и ја затвориле устата со рака, и ги врзале рацете и почналале да им се закануваат да не викаат, барајќи им пари.

Едно од лицата одзело елек во кој имало 1.300 денари и мобилен телефон на мажот., а на жената и ги извадиле двете златни алки од рацете и една златна огрлица, по што пронашле и женска чанта во која имало паричник со по една банкнота од 50 евра, 20 евра, 50 швајцарски франци и две банкноти од 20 швајцарски франци.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико