Правдико

   

Албански државјани обвинети за непочитување на полицискиот час во Струга

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 часот се движеле по улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска ​противвредност.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико