Албанскиот парламент го укина имунитетот на екс министерот на полиција | Правдико

Правдико

   

Албанскиот парламент го укина имунитетот на екс министерот на полиција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанските пратеници денеска го укинаа имунитетот на поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, осомничен за корупција и трговија со дрога. Пратениците го поддржаа обвинителството да го испитаат Тахири и да го претресат неговиот дом, но не и да биде уапсен.

Пратениците од владејачката Социјалистичка партија кои се дел од мандатно-имунитетниот одбор, пред три дена објавија дека ќе му предложат на парламентот да го одобри барањето на Канцеларијата на обвинителството за тешка кривични дела, да му се забрани на Тахири да патува во странство, да се одобри претрес во неговиот дом и имотот и да го обврзе да се јавува на полицијата.

Опозициските пратеници порачаа дека ќе му упатат на парламентот друг извештај со кој се повикуваат пратениците да одобрат барањето на Канцеларијата, Тахири да биде уапсен и да се изврши претрес во неговиот дом. Обвинителството има основа за сомневање дека Тахири бил вмешан во криумчарење на дрога, додека ја обавувал функцијата министер.

Тахири ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека целиот процес против него е политички.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико