Правдико

   

Албанското собрание ги изгласа реформите во правниот систем

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанското собрание во понеделникот навечер ги изгласа со мнозинство на гласови реформите во правниот систем.

Ветингот, како што во Албанија се нарекува новиот правен систем, фактички како на власта, така и на опозицијата, го наметнаа ЕУ и САД, со цел да се извршат коренити реформи, како во судството, така и во другите сектори на правниот систем. Цел е да се пресече корупцијата и криминалот во кој се вклучени голем број судии и други одговорни лица во правниот систем.

„За“ гласаа пратеници на власта, но и на опозицијата. Гласањето е извршено по враќањето на опозицијата во Собранието, откако со посредство на САД беше постигната Спогодба со која власта прифати во новата Влада која ќе ги организира и надгледува парламантарните избори кои ќе се одржат на 25 јуни, да се вклучени и шест технички министри. За возврат, опозицијата беше принудена да гласа за пакетот закони за реформи во правниот систем во земјата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико