Албанското собрание усвои закон со кој државата ќе може да увезува отпад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Албанското собрание во четвртокот навечер го усвои законот за менаџирање со отпад со кој се овозможува и увоз на отпад.
Законот беше усвоен и покрај силното спротивставување на невладиниот сектор, но и повеќе политички партии.
Со само 63 гласови „за“ владејачката Социјалистичка партија го усвои законот за кој опозицијата тврди дека е лошо решение за земјата . На гласањето не присуствуваа ниту пратениците на партијата Движење за Социјалистичка интеграција која е дел од владината коалиција по претходното недоразбирање по оваа прашање помеѓу премиерот Рама и претседателот на Собранието Илир Мета.
Во текот на дебатата надвор од Собранието продолжија протестите на невладините организации кои во четвртокот траеја цел ден. Организаторите на протестите и опозицијата смета дека Албанија може да биде место каде што ќе пристигнува и сомнителен радиоактивен отпад.
Власта информираше дека ќе има листа на отпад кој ќе може да се увезува, и нема да се дозволи увоз на проблематичен отпад.
Извор: Макфакс