Албанци од Косово уапсени за убиството на црногорскиот полицаец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца Албанци се уапсени за убиството на службеникот на граничната полиција на Црна Гора, Милутин Лековиќ, кој почина во неделата како последица од ранувањето во Игало откако лекарите со часови се обидувале да му го спасат животот, пренесува „Спутник“.
На Лековиќ со пиштол во главата му пукале од задното седиште на службениот автомобил осомничените што тој претходно ги привел, пишуваат црногорски „Вијести“.
„Денес, околу 14.45 часот, по притворањето три лица што не поседувале лични документи, едно од нив од својот пиштол му пукало во главата на службеникот М. Л. Напаѓачите, двајца мажи и една жена, по нападот, избегале во непознат правец“, соопшти полицијата.
Напаѓачите попладнето биле уапсени во обид пеш да ја преминат границата со Хрватска. Кога полицијата ги опколила, осомничениот за убиството на Лековиќ повторно пукал и бил ранет во размената на оган.
Осомничениот е државјанин на Албанија, Луан Хасани (43), баран во Албанија за убиство со умисла и обид за убиство и поседување огнено оружје и муниција. Нему му е одредена мерка затвор. Со него во моментот на убиството биле и Љуљзим Хасани (49), баран во Албанија за убиство со умисла и поседување огнено оружје и муниција, како и Нура Хасани (67), барана во Албанија од 2018 година поради закани.
Лицата, најверојатно, се од Коплик, Албанија, иако тие тврдат дека се од Косово.
Извор: Макфакс