Правдико

   

„Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 145 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-alfi-priveduvanjeВо текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфапри вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 451 лице, потоа преглед на 72 ПМВ, извршен преглед на 12 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 145лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 8 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 18 лица, по извршено кривично дело – 11, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени две лица, за издржување на казна затвор – едно лице, за утврдување на идентитет – три лица и за недозволени предмети приведено еедно лице;

  • Вкупно приведени лица по ЈРМ – 23

–    за учество во тепачка – 13 лица

–    за физички напад – две лица

–    за карање или викање – четири лица

–    за останати прекршоци – четири лица

  • За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – четири лица
  • Вкупно приведени лица со оружје – осум

–    со сигнален пиштол – шест лица

–    со пиштол – едно лице

  • Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги 12

–    со НН тревкаста материја – шест лица

–    со НН прашкаста материја – пет лица

–    со НН течност – едно лице

  • Вкупно приведени лица со ПМВ29

–    по телеграма – 26 лица

–    сообраќаен прекршок – три лица

  • Вкупно приведени лица со ТМВ – едно

–    не поседување на соодветна документација за товар – едно лице

  • Останати активности:

–       Предадени 10 лица поради нарушен ЈРМ

–       Предадени 18 лица за сторен сообраќаен прекршок

–       Предадени 232 странци со нерегулиран престој

–       Четири останати случаи за предадени лица

–    пронајдени и предадени два ПМВ и три други предмети кои потекнуваат  од кривично дело

–    предаден еден мотоцикл и едно ТМВ

Извршени 26 обезбедувања на лице место,  две обезбедувања на протести и митинзи, 15 обезбедувања на лица, изготвени две оперативни информации, дадени осум асистенции при вршење претрес на дом и други простории и една асистенција дадена на други надлежни институции, дадена асистенција  за транспорт на душевно болно лице и обезбедување на товарни возови во кои се пронајдени мигранти.

Партнери на Правдико