Правдико

   

“Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 175 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-alfi-priveduvanjeВо текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, потоа извршиле преглед на 242 ПМВ и 60 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 175 лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 34 лица, по извршено кривично дело – 11, за издржување на казна затвор – 13 лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – шест лица

–  за учество во тепачка – три лица
–  за физички напад – две лица
–  за карање или викање – едно лице

За напад на службено лице (чл.383 од КЗ на РМ) – едно лице

Вкупно приведени лица со оружје – две лица

– со пиштол – две лица

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 19 лица

– со НН тревкаста материја – 16 лица
– со НН прашкаста материја – едно лице
– со НН таблети – две лица

Вкупно приведени лица со ПМВ – 28

– по телеграма – 25 лица
– сообраќаен прекршок – едно лице
– непоседување на соодветна  документација – две лица

Вкупно приведени лица со ТМВ – шест лица

–    не поседување на соодветна документација за товар – шест лица

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – едно лице

Останати активности:

– Предадени 22 лица поради нарушен ЈРМ
– Предадени 21 лице за сторен сообраќаен прекршок
– Предадени 480 странци со нерегулиран престој
– Четири останати случаи за предадени лица
– пронајдени и предадени едно ПМВ и четири други предмети кои потекнуваат  од кривично дело, како и пронајдени две возила барани по телеграма
– предадени четири мотоцикли
– Извршени пет обезбедувања на лица и дадени 21 асистенција при вршење претрес на дом и други простории,

Партнери на Правдико